На 9 ноември 2024 година во галеријата на Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија се одржа концертот на квартетот „Квартето“, составен од професионалните музичари Марко Виденовиќ, Марија Јакимовска, Игор Бакревски и Кристијан Кожумановски.
Амбасадорката на Северна Македонија во Бугарија, Н.Е. Агнеза Руси-Поповска се обрати кон присутните, ги претстави гостите музичари и го најави нивниот концерт. На програмата на концертот беа композиции од авторот на проектот и водач на виоли, Марко Виденовиќ.
На настанот присуствуваа претставници на македонската Амбасада во Софија и љубители на музичката уметност.