На 11 јуни во рамките на XX Салон на Уметностите, во Националниот Дворец на Културата се одржа камерен концерт со наслов "Македонски виртуози".
На концертот настапија Страшо Темков (флејта), Гордана Неделковска (обоа) и Елена Атанасковска (пијано).
Беа исполнети дела од Ј.С. Бах, С. Веруст, Р. Шуман, Т. ЛАлие, Е. Мориконе, К. Дебиси, Г. Коларовски, К. Зграјан, П. И. Чајковски, Ф. Пуленк и Т. Прокопиев.