Во организација на Културно-Информативниот Центар на Р.Македонија на 2 јули, во 19:00 часот во галерискиот простор на КИЦ беше отворена ликовна изложба со наслов "Конекција". Во присуство на младите ликовни уметници, изложбата ја отвори директорот на КИЦ на Р.Македонија во Софија г-дин Васко Шутаров.
На изложбата се претставени дела на пет млади ликовни автори од Р.Македонија, кои годинава магистрираа на НХА (Национална Уметничка Академија) во Софија. Зоран Мише, Павел Целкоски и Горан Тричковски се претставени со свои графики, Ненад Мичиќ со свои скулптури од керамика а Зоран Георгиев со неколку дела во масло на платно.
Изложбата посетителите можат да ја видат секој работен ден, во текот на месеците јули и август.