На 14 јули, во Пловдив беше отворена ликовна изложба, на кои изложуваа тринаесет македонски уметници, обединети во концепцијата "Конекција 2". Балабановата куќа, една од најпознатите музејско-галериски простори во Стар Пловдив, беше домаќин на настанот што беше во организација на Културно-информативниотЦентар на Р. Македонија во Софија. Пред голем број посетители, изложбата за отворена ја прогласија Валериј Ќорленски од Општинската фондација "Пловдив 2019" и Васко Шутаров, директор на македонскиот Центар во Софија. На изложбата беа присутни и Амбасадорот на Р. Македонија во Бугарија Марјан Ѓорчев и конзулот Ненад Младеновиќ.