На покана на Sofia Live Club на 26-ти Март оваа година настапи легендарниот гитарист Влатко Стефановски со своето трио, кое покрај него го сочинуваат и Иван Куќиќ на бас гитара и Јан Стефановски на тапани!
Во долгата и блескава кариера сме присуствувале на десетици концерти на маестро Стефановски, но саботниот настан во Софија може слободно да го наречеме маестрален и фантастичен. Во двочасовен супер рокенрол ги слушнавме песните на триото но и „Бистра вода“ и „Фанки џанки“, како и легендарната „Џипси меџик“ што беше со одушевување прифатено од прибирливата софиска публика, меѓу која имаше бројни дипломати, уметници, лекари, новинари...
Особено радува што младите Куќиќ и Јан Стефановски беа на ниво на Влатко демонстрирајќи страст и талент од светски маштаб!