По големиот успех на Меѓународниот Софија Филм Фест, на филмот „Кајмак“, на најнаградуваниот македонски режисер Милчо Манчевски, дел од актерската екипа (Алекдандар Микиќ, Ана Стојановска, Симона Спировска и продуцентот Јане Ќортошев) го посетија Културно-информативниот центар на Р. С. Македонија, каде што ја разгледаа изложбата „Реминисценции“ на Марјан Ѕингаров.
Исто така, КИЦ на РСМ во Софија го посети Фејми Даут – Феко, директор на Фотографија на филмот „Медена земја”, кој престојува во Софија, подготвувајќи го својот нов филм со бугарските продуценти, тој покажа голем интерес за изложбата “Реминисценции” на Марјан Ѕингаров.
Д-р Сашко Насев ги запозна колегите со богатата програма на КИЦ за 2023 година кога одбележуваме 20 години од неговото основање и 18 години од неговото отворање.