На 10 и 11 декември, во Софија беше одржан меѓународен симпозиум со наслов "Културата и одржливиот развој", како регионален проект за перспективите на соработка на полето на културата меѓу земјите од Југоисточна Европа и земјите од Црноморскиот регион. Министерството за култура на Р. Бугарија беше домаќин на симпозиумот, на кој свое учество имаа освен домаќинот и претставници од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Грција, Грузија, Молдова, Косово и нашата земја која ја претставуваа Васко Шутаров, директор на нашиот Културно-информативен Центар во Софија и Кристина Бицева, советник во Управата за заштита на културното наследство.