На 17 април во Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија, пред преполн салон, се одржа модна ревија "Модните трендови и културата на живеењето од а ла франга до современата мода". Проектот чиј носител е НУ Музеј од Куманово ги проследува развојните линии на модното живеење од моделите од "а ла франга", од почетокот на 20 век до денес, а на ревијата беа претставени и креации на модниот дизајнер Александар Рашковиќ, инспирирани од староградската мода.
Настанот го отворија директорот на НУ Музеј Куманово и КИЦ на Р. Македонија во Софија, Анита Цветановска и Васко Шутаров.
Автор на проектот е кустосетнолог од НУ Музеј Куманово, Анита Ѓеорѓиоска а проектот е поддржан од нашето Министерство за култура.