Во организација на Културно-информативниот центар на Р. Македонија, а со поддршка на Министерството за култура на Р. Македонија на 1 октомври во 18:00 часот, во просториите на КИЦ беше отворена изложбата на современиот македонски уметник Петар Попчев. Изложбата ја отвори директорот на КИЦ на Р. Македонија, Доста Димовска.
Петар Попчев е роден 1954 год. во с. Гаково, Сомбор. Завршил Ликовна Академија во Приштина во 1979 год. Член е на ДЛУМ од 1980 год. Живее и работи како слободен уметник во Скопје.
Попчев учествувал на поголем број на групни изложби во земјата и во странство. Автор е на десетина самостојни изложби во Германија, Хрватска, во Музејот на град Скопје, во Центарот за култура и информации, во Струмичката ликовна галерија и други.