Во просториите на Сојузот на бугарските писатели, на 4 март (понеделник), Друштвото на писателите на Македонија и Сојузот на бугарските писатели потпишаа Договор за соработка.
Договорот предвидува соработка меѓу литературните манифестации во Р. Македонија и Р. Бугарија, како и интензивирање на преведувањето на литературни дела.
Со документот исто така, се планира учество на писателите од двете земји на литературни конференции и симпозиуми, како и размена на тематски броеви од доменот на периодиката.
Договорот го потпишаа претседателот на Друштвото на писателите на Македонија г-н Раде Силјан и претседателот на Сојузот на бугарските писатели, г-н Николај Петев.