На 27 декември 2018 година во КИЦ на РМ во Софија, се одржа камерен, предновогодишен концерт на Павле Камилоски, тенор, во придружба на Горан Начевски на пијано, насловен како „Мала Италија патува“. Подржан од нашето Министерство за култура, овој завршен настан во Културно-информативниот центар имаше огромен успех пред софиската публика. Во преполната галерија на КИЦ, во друштво на одбрана публика од дипломатскиот, културниот и медиумскиот свет на Софија, Камилоски изведуваше популарни дела на Андреја Бочели, Едит Пјаф, Том Џонс, Александар Сариевски и други, проследени со аплаузи и бисови.
Настанот го отвори и на присутните им ги честиташе празниците директорот д-р Сашко Насев.