На 9 март, во Културно-информативниот центар на Р. Македонија во Софија, беше промовирана стихозбирката "Ѕвезден корен" од академик Анте Поповски, на бугарски јазик. Преводот на ова дело беше помогнато преку Програмата на нашето Министерство за култура за поддршка на преводи на наши автори, во странство. ИЗборот на поезијата и преводот е на бугарскиот поет Роман Кисјов а во стихозбирката се представени 84 песни, најмногу од неговите последни дела "Две тишини" и поемата "Света Песна". Книгата беше издадена од бугарското книгоиздателство Ерго.
На вечерта посветена на опусот на академик Поповски свои обраќања имаа, Васко Шутаров, Роман Кисјов, МАртин Христов, како и синовите на академик Поповски, Жорж и Александар. Стихови интерпретираа актерите Иван Калошев и Ѓорги Георгиев-Антика.