На 3 април, пред бројни љубители на литературата и посетители на Културно-информативниот Центр на Р. Македонија во Софија, беа промовирани шест романи на бугарски јазик, од помладата генерација македонски писатели. На оваа промоција беа претставени романите "Вишновата хроника" од Фросина Пармаковска, "Куфер за тројца" од Живко Грозданоски, "Бездомникот со златен часовник" од Вера Калин, "Црвено и бело" од Михајло Свидерски, "Безимената месечева соната" од Давор Стојановски и "Очи со боја на чевли" од Петар Андоновски. Овие дела веќе предизвикуваат интерес кај бугарската читателска публика, а во Р. Македонија беа финалисти на наградата "Роман на годината".
За авторите и нивните дела зборуваа Васко Шутаров, од име на домаќинот и иницијатор на овој проект, Културно-информативниот Центар на Р. Македонија, Пламен тотев од име на книгоиздателствата "Персеј" и "Изида" и Тања Попова, од име на преведувачите на овие дела.