На 16 април (понеделник) 2018 година, во просториите на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, Република Бугарија, се одржа промоција на романите „Индиго Бомбај“ и „Каменот од мојот ден“ од познатата македонска писателка Јагода Михајловска Георгиева. На промоцијата покрај авторката зедоа учество преведувачите и издавачот од издавачката куќа „Персеј“ кои говореа за квалитетот на делата и прочитаа извадоци од романите. Салонот на КИЦ се исполни со познати писатели, уметници, дипломати и гости од Софија, и се создаде пријатна атмосфера. Авторката г-ѓа Јагода Михајловска Георгиева романите им ги посвети на почитувачите на нејзиното дело.