На 18.09.2023 година, по повод 32 години од Денот на независноста на Република Северна Македонија, во Гранд Хотел Софија, амбасадорката на РСМ во Софија Н.Е. Агнеза Руси-Поповска, придружувана од сопругот г-н Тони Поповски, беа извонредни домаќини на големиот прием.
На самиот настан имаше преку 200 гости, речиси целиот дипломатски кор, претставници на политичката елита во Бугарија, новинари, уметници, успешни лекари, инженери и други пријатели на Амбасадата на РСМ во Софија.
Во исклучителна атмосфера, многу позитивна енергија, во своето обраќање Н.Е. Агнеза Руси-Поповска го истакна значењето на добрите односи меѓу Северна Македонија и Бугарија, соработката во НАТО, зголемувањето на трговската размена, изградбата на Коридорот 8 и постојаниот дијалог меѓу двете земи.