На 24 октомври 2019 година во Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Софија се одржа промоција на бугарското издание на романот „Ервехе“ од академик Луан Старова. Романот е четврта книга од Старова што излегува на бугарски јазик и е превод на Марјан Петров, а издание на познатиот издавач „Изида“ и нејзиниот раководител Пламен Тотев.
На промоцијата присуствуваше и МК на РСМ, г-дин Хусни Исмаили и голем број дипломати, академици, новинари и студенти. Во извонредна атмосфера во галеријата на КИЦ во Софија пред присутните се обратија Министерот Исмаили, академик од БАН Антон Дончев, академик Старова , издавачот Пламен Тотев и директорот Насев. Извадоци од книгата читаше актерот Георги Георгиев-Антика.