На 27 март во Културно-информативниот Центар на Р.Македонија во Софија, се одржа промоција на оставината во 9 тома од Павел Шатев.
Претставувањето на оваа капитална едиција во Софија е остварена во партнерство со книгоиздателството "Македоника Литера" и Државниот Архив на Р.Македонија. Промотори на делата беа проф. др. Зоран Тодоровски, Предраг Димитровски, Нове Цветаноски и м-р Васко Шутаров.