КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Промоција на „Утеха за голите“ од Давор Стојановски во КИЦ на РСМ во Софија

КИЦ на РСМ во Софија, ул. „Обориште“ 7
18 Мај 2022 - 18:30

На 18 мај (среда) 2022 во КИЦ на РСМ во Софија, со почеток од 18.30 часот, ќе биде претставена книгата „Утеха за голите“ од еден од најреномираните млади македонски писатели, Давор Стојановски. Во присуство на авторот за книгата ќе говорат издавачот Пламен Тотев (Издавачка куќа „Персеј“) и преведувачката Тања Попова.

Книгата е номинирана истовремено за Награда за литература на Европската унија и за најголемата награда за литература во Северна Македонија – „Роман на годината“ (писателот веќе ја добил еднаш, а сите негови досегашни четири романи се номинирани за неа).

„Утеха за голите“ е роман за изгубената, неостварена и несреќна љубов. Но тој ги допира и темите за вечноста и бесмртноста, за среќата и радоста во животот, за барањето на утеха во најтемните периоди на човекот. Тоа е приказна на еден од најдобрите шахисти во светот, Германецот Рајнер Кестинг, и причините на неговото ненадејно повлекување од натпреварувачката дејност.

Една неочекувана средба и тоа кое го дознава од непознат човек, водат до целосно преобраќање на неговиот живот и го враќаат наназад во времето, кон една скоро заборавена љубовна авантура со омажена жена. Дознава дека имал син, за кого не знаел, но во меѓувреме починал на триесет и четири годишна возраст. Од тоа произлегуваат низа настани кои го тераат главниот херој да го преразгледа целосно својот живот, да ги разбере своите грешки во односите со своите најблиски луѓе.

Ако изминатите случувања личат на изиграна партија шах, откако фигурите се наредуваат во почетна позиција, тогаш на што личи сегашноста? Веројатно на веќе започната партија, во која го очекуваме потегот на противникот. И секогаш е придружена од надежта дека ќе се појави вториот играч, за да не останеме во позиција без никаков излез.

Има ли категорични одговори за тоа дали сме постапиле правилно во минатото? Дали е возможно наше помирување на оној свет, ако не сме го сториле тоа на овој? Дали може да биде обвинет некој за објектот на неговата страст? Која е вистинската љубов? Тоа се само дел од прашањата кои Стојановски ги задава во својата книга.

Share

Настани

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30
 
31