На 10 јули во Културно-информативниот центар на Р Македонија во Софија, се одржа работна средба помеѓу претставници на Министерството за култура на Р МАкедонија и Министерството за култура на Р Бугарија. Водечка тема на средбата беше размената на информации за креативните и културните индустрии и перспективите за соработка на ова поле.