Република Македонија учествуваше на Меѓународниот Саем за Туризам во Софија што се одржа од 12-14 февруари. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот организираше прес-конференција на која учествуваа бројни туристички организации од Р.Бугарија. Меѓу бројните посетители на македонскиот штанд на Саемот беа и професори и асистенти од Факултетот за туризам и бизнис логистика од Гевгелија.