Во периодот од 9-ти до 12-ти Јули 2020 година во Софија, Република Бугарија – најпознатиот македонски пијанист, маестро Симон Трпчески заедно со своите колеги виолинистот Александар Краповски од Барселона и виолончелистот Сашо Сомов од Стразбур беа гости на Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија.
Тие го користеа нашиот скромен простор за подготовки за реализација на својот последен музички запис. Во име на КИЦ гостите ги поздрави директорот д-р Сашко Насев и им посака успешен проект за светската музичка сцена!