КУЛТУРНО-ИНФОРМАТИВEН ЦЕНТАР НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО СОФИЈА

  • Македонски
  • Български

Соло-рецитал на пијанистката Мимоза Ќека во Созопол

На 6 јуни, успешен соло-рецитал имаше пијанистката Мимоза Ќека на Седмиот Фестивал на Франкофонијата што се одржува од 3-8 јуни во бугарскиот приморски град Созопол. На програмата беа исполнети и дела од Морис Равел, Клод Дебиси и Франц Лист, а на бис беше изведено дело од македонскиот композитор Томислав Зографски. Настанот пред љубителите на музиката во Археолошкиот музеј во Созопол го отворија директорката на фестивалот Александрина Исајлова и директорот на нашиот КИЦ во Софија Васко Шутаров.

Мимоза Ќека е родена 1994, а пијано започнува да учи на петгодишна возраст. Основното и средното музичко образование го стекнува во ДМБУЦ Илија Николовски Луј, а во 2015 година дипломира на Факултетот за музичка уметност на одделот по пијано, во класата на проф. Тодор Светиев. Во моментов привршува со своите постдпломски студии под ментарство на проф. Лилија Зилберштајн. Има настапувано на бројни концерти во Македонија, Србија, Франција, Италија и освојувано значани државни и меѓународни награди.

Соло-концертот на Мимоза Ќека беше нејзино прво значајно претставување пред публиката во Бугарија.

 Соло-рецитал на пијанистката Мимоза Ќека во Созопол (фотографија)
 Соло-рецитал на пијанистката Мимоза Ќека во Созопол (фотографија)
 Соло-рецитал на пијанистката Мимоза Ќека во Созопол (фотографија)
 Соло-рецитал на пијанистката Мимоза Ќека во Созопол (фотографија)

Настани

Share

За КИЦ на РСМ

E-mail: rmkic@yahoo.com

тел.: + 359 2 946 1492

ул. „Обориште“ 7, 1504 Софиja

Билтен

За информации и настани од сајтот

СИГУРНОСТ
Потврдувањето докажува дека сте реален корисник.

Календар

S M T W T F S
 
 
 
 
 
1
 
2
 
3
 
4
 
5
 
6
 
7
 
8
 
9
 
10
 
11
 
12
 
13
 
14
 
15
 
16
 
17
 
18
 
19
 
20
 
21
 
22
 
23
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
29
 
30